Одржување и чистење

  • Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
  • Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
  • Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа.
  • Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува крпа.

Чистење на садот за прав (види слики B1B3)

Исчистете го садот (8) по секоја употреба, за да го одржите оптималниот перформанс на всисувачот.

  • Држете го всисувачот малку надолу како што е прикажано за да не може да испадне прав од садот за прав при отворање на всисувачот.
  • Притиснете го копчето за отклучување (1) и извадете го садот за прав (8) од куќиштето на моторот (7).
  • Фатете во вдлабнатината (11) на куќиштето на моторот (7) и повлечете ја филтерската единица (13) на заптивката за филтерот (12) од куќиштето на моторот.
  • Истресете го садот за прав (8) над соодветен сад за отпад.
  • Доколку е потребно, исчистете го садот за прав со влажна крпа.
    Доколку е потребно исчистете ја филтерската единица.
  • Вметнете ја филтерската единица (13) со заптивката за филтер (12) повторно во куќиштето на моторот (7).
  • Потоа закачете го садот за прав на дното на куќиштето на моторот и малку притиснете го садот за прав така што звучно ќе се вклопи.

Чистење на филтерска единица (види слика C)

На филтерската единица (13) не смее да се употребува мокро чистење.

  • Држете го всисувачот малку надолу како што е прикажано за да не може да испадне прав од садот за прав при отворање на всисувачот.
  • Притиснете го копчето за отклучување (1) и извадете го садот за прав (8) од куќиштето на моторот (7).
  • Фатете во вдлабнатината (11) на куќиштето на моторот (7) и повлечете ја филтерската единица (13) на заптивката за филтерот (12) од куќиштето на моторот.
  • Четкајте ги ламелите на набраниот филтер со мека четка.
  • Монтажата се врши по обратен редослед.

Дефекти

Проверете при недоволна јачина на всисување:

  • Дали е садот за прав (8) полн?
    ▷ Испразнете го садот за прав.
  • Дали набраниот филтер е запушен со нечистотија?
    ▷ Исчистете ја филтерската единица (13).
  • Дали е преслаб капацитетот на батеријата (5)?
    ▷ Наполнете ја батеријата.

Редовното празнење на садот за прав (8) и чистењето на филтерската единица (13) гарантираат оптимален перформанс на всисување.

Доколку и понатаму не може да се постигне јачина на всисување, обратете се кај Bosch-сервисната служба.