Проверка на точноста
Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини и мерење на растојанија.
Проверка на точноста и калибрирањето на измерените косини

- Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината.
- Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината.
- Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°.
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира.
- Држете го притиснато копчето (7)
за да влезете во менито Основни функции.
- Изберете
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Следете ги упатствата на екранот.
- По големи температурни промени и по удари се препорачува да се изврши проверка на точноста и евентуално калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација.
Проверка на точноста на мерењето на растојание
За проверка на точноста, мерењето треба да се врши при поволни услови, т. е. мерното подрачје треба да биде во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира.
- Изберете мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата).
- Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
- Отстапувањата од средната вредност на поединечните мерења смеат да изнесуваат максимално ±4 mm на целото мерно подрачје. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.