Совети при работењето
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина. За подобра видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен терен и прејаки сончеви зраци, користете ласерски очила (18) (опрема) и целна табла на ласерот (17) (опрема), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
- транспарентни површини (на пр. стакло, вода),
- површини што рефлектираат (на пр. исполиран метал, стакло),
- порозни површини (на пр. изолациски материјали),
- структурирани површини (на пр. груб малтер, природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот (17) (опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини.
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии.
Работење со статив (опрема)
Користењето на стативот е особено потребно при големи растојанија.
- Мерниот уред со 1/4"-навој (13) поставете го на плоча со брзо ослободување на стативот (19) или на вообичаен фото-статив.
- Цврсто зашрафете го мерниот уред со шраф за фиксирање на брзо заменливата плоча.
- Поставете го референтното ниво за мерења со статив види Бирање на референтно ниво.