Мерни функции
Избирање/менување мерни функции
Следните функции ќе ги најдете во функциското мени
- Мерење на должини
- Континуирано мерење
- Мерење на површини
- Мерење на волумен
- индиректно мерење на растојанија
- индиректно мерење на висини
- двојно индиректно мерење на висини
- индиректно мерење на должини
- Мерење на ѕидни површини
- Функција на трасирање
- Мерење на косини /дигитална либела
- Функција на зачувување
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете ја саканата мерна функција со копчето (3)
или со копчето (8)
.
- За да го потврдите изборот, притиснете го копчето (7)
или копчето (2)
.
Мерење на должини
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете го мерењето на должини
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Кратко притиснете на копчето (2)
, за да го вклучите ласерот.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете мерењето.
- Измерената вредност ќе се прикаже долу на екранот.
- За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори.
- Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн.
Континуирано мерење
При континуирано мерење, мерната вредност постојано се ажурира. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо.
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете го континуирано мерење
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Кратко притиснете на копчето (2)
, за да го вклучите ласерот.
- Движете го мерниот уред додека не се прикаже бараното растојание долу на екранот.
- Континуираното мерење може да го прекинете така што кратко ќе притиснете на копчето (2)
.
- Актуелната измерена вредност ќе се прикаже долу на екранот. Над неа стојат максималната и минималната измерена вредност.
Мерење на површини
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете го мерењето на површина
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Кратко притиснете на копчето (2)
, за да го вклучите ласерот.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
- По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а поединечните измерени вредности над него.
Мерење на волумен
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете го волуменското мерење
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Кратко притиснете на копчето (2)
, за да го вклучите ласерот.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете третото мерење, на пр. висина на соба.
- По завршување на третото мерење волуменот автоматски ќе се пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а поединечните измерени вредности над него.
Индиректно мерење на растојанија
Индиректното мерење на растојанија служи за соопштување на растојанија, кои не треба директно да се измерат, бидејќи има пречки во текот на зракот или нема целна површина како рефлектор на располагање. Оваа мерна постапка може да се примени само во вертикален правец. Секое отстапување во хоризонтален правец води кон мерни грешки.
Индиректното мерење на растојанија е секогаш поточно од директното мерење на растојанија. Во зависност од примената, мерните грешки може да се поголеми од директното мерење на растојанија. За подобрување на мерната точност препорачуваме користење на статив (опрема).
Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува вклучен.
За индиректно мерење на растојанија, на располагање ви се три мерни функции, со кои може да се утврдат различни траси:
- индиректно мерење на висини
- двојно индиректно мерење на висини
- индиректно мерење на должини
Индиректно мерење на висини

Со индиректно мерење на висини може да ја утврдите трасата AB така што ќе ја измерите трасата 1. Мерниот уред ја пресметува бараната висина AB од аголот и од трасата 1.
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете индиректно мерење на растојанија
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Изберете индиректно мерење на висини
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Кратко притиснете на копчето (2)
, за да го вклучите ласерот.
- Поставете го мерниот уред на висината на долната мерна точка B.
- Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на горната мерна точка A.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете мерењето.

По завршување на мерењето, висината автоматски ќе се пресмета и прикаже долу на екранот. Измерените вредности за трасата 1 и аголот стојат горе.
Двојно индиректно мерење на висини

Со двојното мерење индиректно на висини може да ја утврдите трасата AB така што ќе ги измерите трасите 1 и 2. Мерниот уред ја пресметува бараната висина AB од аголот и од трасите 1 и 2.
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете индиректно мерење на растојанија
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Изберете двојно индиректно мерење на висини
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Кратко притиснете на копчето (2)
, за да го вклучите ласерот.
- Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на горната мерна точка A.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете првото мерење.
- Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на долната мерна точка B. Притоа, не ја менувајте позицијата на мерниот уред.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете второто мерење.

По завршување на мерењето, висината автоматски ќе се пресмета и прикаже долу на екранот. Измерените вредности за трасите 1 и 2 и аголот стојат горе.
Индиректно мерење на должини

Со индиректното мерење на должини може да ја утврдите трасата AB така што ќе ја измерите трасата 1. Мерниот уред ја пресметува бараната должина AB од аголот и од трасата 1.
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете индиректно мерење на растојанија
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Изберете индиректно мерење на должини
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Поставете го мерниот уред на почетната точка A на бараната траса AB.
- Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на правата, на која исто така се наоѓа крајната точка B.
- Притиснете го копчето (2)
, за да го започнете мерењето.

По завршување на мерењето ќе се прикаже резултатот за бараната траса AB долу на екранот. Измерените вредности за трасата 1 и аголот стојат горе.
Мерење на ѕидни површини

Мерењето на ѕидни површини служи да се добие збир на повеќе поединечни површини со заедничка висина. Услов за точна пресметка на површините е, првата измерена должина (во примерот висината на просторот H) да е идентична за сите делови од површините. На примерот со слика треба да се одреди вкупната површина на повеќе ѕидови, кои имаат иста висина на просторот H, но различни должини L.
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете мерење на ѕидни површини
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Измерете ја висината на просторот H како при должинско мерење.
- Измерената вредност ќе се прикаже во горниот ред на измерени вредности. Ласерот останува вклучен.
- Потоа измерете ја должината L1 на првиот ѕид.
- Површината автоматски ќе се пресмета и прикаже долу на екранот. Последната измерена вредност на должина стои во долниот ред со измерени вредности (d). Ласерот останува вклучен.
- Сега измерете ја должината L2 на вториот ѕид.

Прикажаната поединечна вредност во редот на измерени вредности (d) се додава на должината L1. Збирот од двете должини (прикажана во средниот ред со измерени вредности (d)) се множи со зачуваната висина H. Вкупната вредност на површината ќе се прикаже во редот со резултати (e) долу на екранот.
Може да мерите колку сакате должини по желба LX тие автоматски ќе се додадат и ќе се помножат со висината H.
Функција на трасирање

Функцијата на трасирање постојано мери дефинирана должина (траса). Овие должини можат да се пренесат на површината, за на пр. да се овозможи сечење на материјалот на парчиња со иста должина или да се наместат преградни ѕидови во сува градба. Минималната подеслива должина изнесува 0,1 m, а максималната должина изнесува 50 m.
- Внимавајте дека во функцијата на трасирање се прикажува растојанието до означувањето на екранот. Референцата не е работ на мерниот уред.

- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете функција на трасирање
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Поставете ја саканата должина.
- За тоа со копчето (7)
изберете ја соодветната цифра/место и променете ја вредноста со копчето (3)
или со копчето (8)
.
- Притиснете го копчето (2)
, за да ја стартувате функцијата на трасирање и полека оддалечете се од стартната точка.
- Мерниот уред континуирано го мери растојанието од стартната точка. Притоа ќе се прикажат дефинираните должини како и актуелната измерена вредност. Долната одн. горната стрелка го покажува најмалото растојание кон следната одн. претходната ознака.
- Измерената вредност може да ја утврдите како дефинирана должина така што ќе го притиснете копчето (4)
.

Левиот фактор наведува колку често е постигната дефинираната должина. Зелените стрелки странично на екранот го покажуваат постигнувањето на една должина заради означување.

Црвената стрелка и црвениот натпис ја прикажуваат реалната вредност, ако референтната вредност е надвор од екранот.
Мерење на косини/дигитална либела
Дигиталната либела се користи за проверка на усогласувањето на површината. Мерењето на косини служи за мерење на нагорници и надолници (на пр., на скали, гелендери, при вклопување на мебел, при положување на цевки итн.). Мерниот уред автоматски се префрла помеѓу двете функции кога сакате да ја смените положбата на мерниот уред.
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете го мерењето на косини/дигитална либела
/
и потврдете го изборот со копчето (7)
.

- За да ја користите дигиталната либела, поставете го мерниот уред со задната страна на површината што треба да се мери.
Доколку се надмине косината 3°, топчето на екранот свети црвено.

- За да го користите мерењето на косини, поставете го мерниот уред со страничната страна на објектот, чие навалување сакате да го измерите.
Мерната вредност може да ја зачувате со што ќе го притиснете копчето (2) .
Функција на зачувување
Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ќе се зачува. Зачувани се последните 30 вредности (измерени вредности или крајни вредности). Доколку меморијата е полна, ќе се избрише последната вредност. Најстарата вредност се наоѓа на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 30 (од 30 расположливи мемориски вредности).
- Притиснете го копчето (7)
, за да го отворите менито Функции.
- Изберете ја функцијата на зачувување
и потврдете го изборот со копчето (7)
.
- Прикажана е последната вредност.
- Притиснете на копчето (3)
одн. копчето (8)
, за да прелистувате низ зачуваните вредности.

Горе на екранот ќе се прикаже бројот на зачуваната вредност и лево симболот на соодветната мерна функција. Доколку во меморијата нема вредност, долу на екранот ќе се прикаже „0.000“, а горе „0“.
Бришење
- За да ја избришете прикажаната вредност, притиснете го копчето (5)
.
- За да ги избришете сите зачувани вредности, притиснете го истовремено копчето (4)
и копчето (5)
.