Собирање/одземање на вредности
Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат при следните мерни функции:
- Мерење на должини
- Мерење на површини
- Мерење на волумен
Собирање на вредности при мерење на должини
- Спроведете го првото мерење.
- Притиснете го копчето (3)
.
- Спроведете го второто мерење.
- Кога ќе заврши второто мерење, крајниот резултат ќе се прикаже долу на екранот.
Собирање на вредности при мерење на површини и на волумен
- Спроведете го првото мерење.
- Притиснете го копчето (3)
.
- Спроведете го второто мерење.
- Штом ќе заврши второто мерење, долу на екранот ќе се прикаже резултатот од второто мерење.
- Притиснете го копчето (2)
, за да се прикаже крајниот резултат.
Одземање на вредности
- За одземање на вредности притиснете го копчето (8)
. Понатамошната постапка е слична на „Додавање на вредности“.