Процес на мерење

По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.

Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран задниот раб на мерниот уред.

Може да го промените референтното ниво види Бирање на референтно ниво.

  1. Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
  1. Доколку го имате вклучено мерниот уред со копчето (5) , притиснете кратко на копчето (2) , за да го вклучите ласерот.
  1. Притиснете го копчето (2) , за да го започнете мерењето.

Потоа ласерскиот зрак ќе се исклучи. За друго мерење повторете ја оваа постапка.

Мерната вредност типично се појавува во рок од 0,5 s и најдоцна по околу 4 s. Времетраењето на мерењето зависи од оддалечувањето, светлосните услови и рефлектирачките својства на целната површина. По завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.

Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето (со исклучок на функциите континуирано мерење и мерење на косини). Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста гранична или потпорна површина.
Приемната леќа (14) и излезот на ласерскиот зрак (15) не смеат да бидат покриени за време на мерењето.