Bluetooth®-интерфејс

Пренос на податоци на други уреди

Мерниот уред има Bluetooth® модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth® интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).

Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth® врска ќе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.

  • Дополнителни информации ќе најдете на страницата за производи на Bosch.

При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот уред и мерниот уред. Ова може да се случи поради оддалеченоста на двата уреди или самиот мерен објект.

Активирање на Bluetooth®-интерфејс за пренос на податоци на мобилен уред

  • Проверете дали Bluetooth® интерфејсот е активиран на Вашиот мобилен уред.
  1. Притиснете го копчето (6) , за да го повикате менито Bluetooth® и повторно притиснете го копчето (6) , за да го активирате Bluetooth® интерфејсот.
  1. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред со помош на серискиот број. Серискиот број (11) ќе го најдете на спецификационата плочка на Вашиот мерен уред.

Статусот на поврзување како и активната врска (a) ќе се прикажат на статусната лента (h) на мерниот уред.

За проширување на обемот на функции на располагање стојат Bosch-апликациите. Тие може да се преземат во соодветните App-Stores во зависност од крајниот уред.

Деактивирање на Bluetooth®-интерфејс

  1. Притиснете го копчето (6) , за да го повикате менито Bluetooth® и повторно притиснете го копчето (6) , за да го деактивирате Bluetooth® интерфејсот.