Автоматика за нивелирање

По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува хоризонталната одн. вертикалната положба и ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од околу ±8,5 % (±5°).

За време на нивелирањето на екранот трепка ознаката за нивелирање. Истовремено трепкаат зелено приказот за статус (12) на мерниот уред како и приказот за статус на соодветната оска ((34) одн. (33)) на далечинскиот управувач.

До завршувањето на нивелирањето ротацијата запира и ласерските зраци трепкаат. По успешно завршување на нивелирањето се појавува почетниот екран. Ласерските зраци светат постојано и ротацијата започнува. Постојано светат зелено приказот за статус (12) на мерниот уред како и приказот за статус на нивелираната оска ((34) одн. (33)) на далечинскиот управувач.

Ако мерниот уред стои повеќе од 8,5 % косо или е поставен поинаку од хоризонтална или вертикална положба, нивелирањето не е повеќе можно. На екранот се појавува порака за грешка и приказот за статус (12) трепка црвено.

Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за нивелирање.

Ако се надмине максималното време за нивелирање, нивелирањето се прекинува со порака за грешка.

Одново позиционирајте го мерниот уред и кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11), за нивелирањето повторно да стартува.

Доколку мерниот уред е изнивелиран, постојано се проверува хоризонталната одн. вертикалната положба. При промени во положбата, автоматски се врши нивелирање.

Минимални промени во положбата се израмнуваат без прекин на работата. Потресите на подлогата или временските услови се компензираат автоматски.

При големи промени во положбата за избегнување на погрешни мерења за време на процесот на нивелирање, ротацијата на ласерскиот зрак запира и ласерските зраци трепкаат. На екранот се појавува ознаката за нивелирање. Доколку е потребно, се активира функцијата за предупредување за удар.

Мерниот уред самостојно ја препознава хоризонталната одн. вертикалната положба. За менување меѓу хоризонтална и вертикална положба исклучете го мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно вклучете го.

Ако положбата се промени без исклучување/вклучување, се појавува порака за грешка и приказот за статус (12) трепка црвено со брзо темпо. Кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11), за нивелирањето повторно да стартува.

Мерниот уред има функција за предупредување за удар. При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред или при вибрации на подлогата го спречува нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките поради поместување на уредот.

GRL 650 CHVG: Функцијата за предупредување за удар има 2 степена на чувствителност. По вклучување на мерниот уред, поставен е повисокиот степен на чувствителност.

Активирање на предупредувањето за удар:

Функцијата за предупредување за удар се вклучува стандардно. Ќе се активира за околу 30 s по вклучувањето на мерниот уред.
За време на активирањето на екранот трепка приказот за функцијата за предупредување за удар (c). По активирањето приказот постојано свети.

Активирано е предупредувањето за удар:

Доколку се промени положбата на мерниот уред или се регистрира јак потрес, тогаш се активира предупредувањето за удари: ротацијата на ласерот запира и се појавува порака за грешка. Приказот за статус (12) трепка црвено со брзо темпо и се огласува предупредувачки сигнал со брза секвенца.

Потврдете ја пораката за грешка со , со притискање на копчето за подесување на косината (14) на мерниот уред или копчето за подесување на косината (31) на далечинскиот управувач. При работење со автоматиката за нивелирање (вклучувајќи го режимот на косина) нивелирањето се рестартира.

Сега проверете ја позицијата на ласерскиот зрак на референтна точка и коригирајте ја висината одн. израмнувањето на мерниот уред ако е потребно.

Менување/исклучување на функцијата за предупредување за удар:

На почетниот екран се прикажува моменталната поставка со приказот за предупредување за удар (c):

Функцијата за предупредување за удар е вклучена со повисокиот степен на чувствителност.

GRL 650 CHVG: Функцијата за предупредување за удар е вклучена со понискиот степен на чувствителност.

Функцијата за предупредување за удар е исклучена.

За да ја промените поставката за функцијата за предупредување за удар, притиснете кратко на копчето за вклучување/исклучување (11). Во следното мени притискајте го постојано копчето за вклучување/исклучување (11), додека не ја изберете саканата поставка. Потврдете го вашиот избор со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Ако е вклучена функцијата за предупредување за удар, ќе се активира по околу 30 s.

Во хоризонталната положба на мерниот уред, X‑оската и Y‑оската можат независно една од друга да се накосуваат во опсег од ±8,5 %.

За накосување на X‑оската еднаш притиснете на копчето за подесување на косината (14) на мерниот уред или на копчето за подесување на косината (31) на далечинскиот управувач. Се појавува менито за подесување на косината на X‑оската.

Со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3) на мерниот уред или со копчето за косина нагоре (30) одн. надолу (35) на далечинскиот управувач подесете ја саканата косина. Со истовремено притискање на двете копчиња за косина на мерниот уред или на далечинскиот управувач, косината ќе се ресетира на 0,00 %.

За накосување на Y‑оската повторно притиснете на копчето за подесување на косината (14) на мерниот уред или на копчето за подесување на косината (31) на далечинскиот управувач. Се појавува менито за подесување на косината на Y‑оската.

Подесете ја саканата косина, како што е опишано за X‎‑оската.

Неколку секунди по последното притискање на копчето ќе се спроведе саканата косина на мерниот уред. До завршувањето на подесувањето на косината трепка ласерскиот зрак како и ознаката за подесување на косината на екранот.

По завршувањето на подесувањето на косината на почетниот екран се прикажуваат поставените вредности на косина на двете оски. Приказот за статус (12) на мерниот уред свети црвено постојано. На далечинскиот управувач свети црвено постојано приказот за статус на накосената оска ((34) и/или (33)).

Мерниот уред ги зачувува 4-те вредности на косина на двете оски што сте ги користеле последниот пат. Алтернативно на новата поставка за косина може да ги преземете овие зачувани комбинации на косина.

Стартувајте го режимот на косина за X‑оската  види Режим на косина во хоризонтална положба.

За отворање на меморијата за степенот на косина притиснете го копчето за линиски режим (5) на мерниот уред или копчето за линиски режим (28) на далечинскиот управувач.

За да изберете една од 4-те зачувани комбинации, притискајте го копчето за линиски режим (5) на мерниот уред или копчето за линиски режим (28) на далечинскиот управувач додека не се прикаже саканата комбинација на екранот.

За да го потврдите изборот, притиснете го копчето за подесување на косина (14) на мерниот уред () или копчето подесување на косина (31) на далечинскиот управувач. Неколку секунди по притискањето на копчето ќе се спроведе комбинацијата за косина на мерниот уред  види Режим на косина во хоризонтална положба.

За да изберете други вредности од оние што се зачувани, притиснете го копчето ▲ (4) на мерниот уред () или копчето за косина нагоре (30) на далечинскиот управувач. Приказот се враќа назад во менито за подесување на режимот за косина  види Режим на косина во хоризонтална положба.

Промената на температурата на мерниот уред може да влијае на поставената косина на оските.

Со цел да се избегнат грешките при мерењето, косината на оските се прилагодува кога ќе се надмине поставената температурната разлика: Уредот за мерење се нивелира сам по себе, а потоа се враќа во режим на косина со последните поставени вредности.

Косината се ресетира кога температурата се менува ≥5 °C.

GRL 650 CHVG: Со помош на Bosch Levelling Remote App може да се намали температурната разлика на 2 °C или да се исклучи функцијата SlopeProtect. Поставката не се зачувува при исклучување на мерниот уред.