Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (3).

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (3) притиснете ја блокадата (2).

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (3) најпрво кратко притиснете го и потоа отпуштете го.

Претходно избирање на број на вртежи

Со вртливото копче на бројот на вртежи (1) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Позиција на копчето за подесување

Број на вртежи во празен од (min-1)

1

2500

2

3000

3

3500

4

4000

5

4500

6

5000