Промена на алат

GDR 12V-110:

Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред, алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување (2), за да го блокирате алатот за вметнување.

Битовите за одвртувачот (15) може да ги ставите со помош на универзален држач за битови со топчест затворач (14).

  • При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да не може да се контролира.

GDS 12V-115:

Поставете го алатот за вметнување (16) на четириаголниот прифат за алат (1).

Во зависност од системот, алатот за вметнување (16) ќе се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова нема влијание на функцијата/безбедноста.

Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и извадете го алатот за вметнување.