Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Носете заштитни очила и заштитна облека при лемење. Течниот лем и прскањата при лемење може да предизвикаат изгореници или оштетувања на очите.

Врвот за лемење станува многу жежок при работа. При контакт со кожата може да добиете изгореници. Оставете го врвот за лемење да се излади пред да го допрете.

Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.