Монтирање на алатот за дупчење (види слики A−B)

Изберете ги деловите што ќе се монтираат за да одговараат на големината на потребната дупка. Алатите за дупчење се наменети за лим со дебелина до 3 mm и нерѓосувачки челик со дебелина до 2,5 mm.

Информации за препорачаните алати за дупчење на Bosch може да најдете и на www.bosch-pt.com или на налепницата на XL‑BOXX на електричниот алат.

Големина

Број на нарачка
сет со матрица + втиснувач

Да се користи со завртка за затегнување
(број на нарачка)

Соодветен разделник
(број на нарачка)

Потребен е разделник

M16

2 608 001 157


(1 607 000 FL9)


(1 607 000 FV9)

●

M20

2 608 001 158

●

M25

2 608 001 159

●

M32

2 608 001 160


(1 607 000 FM0)


(1 607 000 FM1)

●

M40

2 608 001 161

−

PG9

2 608 001 162


(1 607 000 FL9)


(1 607 000 FV9)

●

PG11

2 608 001 163

●

PG13

2 608 001 164

●

PG16

2 608 001 165

●

PG21

2 608 001 166

●

PG29

2 608 001 167


(1 607 000 FM0)


(1 607 000 FM1)

−

PG36

2 608 001 168

−

Проверете дали завртката за затегнување, разделникот, матрицата и втиснувачот се чисти и технички исправни.

Лесно подмачкајте ги навоите на завртката за затегнување (10) (подмачкувач: 1 615 430 010). Навртете ја завртката за затегнување (10) на главата за дупчење (1).

Поставете го соодветниот разделник (11), па потоа матрицата (12) на завртката за затегнување.

Напомена: За помали навои мора да се користи соодветниот разделник (според информациите во табелата) (11). Сепак, се препорачува да се користат и за поголеми навои, бидејќи разделникот го намалува времето на работа, а со тоа и процесот на дупчење.