Ставање во употреба
- Пред секоја употреба, проверете дали затезната чаура (1) и затезната навртка (2) имаат видливо оштетување.
GGS 18V-10 SL/GGS 18V-20/GGS 18V-23 L
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа отпуштете го.
GGS 18V-10 SL/GGS 18V-23 L

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при глодање, доводот на струја до моторот електронски ќе се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да се активира заштитата од рестартирање и електричниот алат да не стартува со работа и покрај активираниот прекинувач за вклучување/исклучување (5). Прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.
GGS 18V-10 SL
Со копчето за избор на број на вртежи (16) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата. Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Материјал | Примена | Алати | Степен на избор на вртежи | [min–1] |
|---|---|---|---|---|
Метал | Глодање | Глодалка | 3 | 11500 |
Метал | Брусење | Брусни клинови | 3 | 11500 |
Метал | Отстранување на р'ѓа | Четка | 1 | 4500 |
Метал | Брусење | Брусни прстени | 3 | 11500 |
Метал | Брусење | Брусни плочи во вид на лепеза, корунд A | 2 | 7500 |
Нерѓосувачки челик | Брусење | Брусни плочи во вид на лепеза, инокс | 2 | 7500 |
Метал | Брусење | Платнени алатки | 1 | 4500 |
Метал | Брусење | Платнени алатки, брусна плоча | 1 | 4500 |
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
- Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
GGS 18V-10 SL
Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (14) | Значење/Причина | Решение |
|---|---|---|
Зелено | Батеријата е полна | – |
Жолто | Батеријата е речиси празна | Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Црвено | Батеријата е празна | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Приказ за заштитата од оптоварување (Кориснички интерфејс) (18) | Значење/Причина | Решение |
|---|---|---|
Жолто | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади |
Црвено | Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се олади |
Приказ за статусот на електричниот алат (кориснички интерфејс) (17) | Значење/причина | Решение |
|---|---|---|
Зелена | Статус OK | – |
Жолта | Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Свети во црвена боја | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трепка црвено | Исклучувањето при пречки, заштитата од рестартирање или исклучувањето при удар се активирале | Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат |
