Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (15) ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата.
LED-светилки | Капацитет |
|---|---|
Трајно светло 3 × зелено | 60–100 % |
Трајно светло 2 × зелено | 30–60 % |
Трајно светло 1 × зелено | 5–30 % |
Трепкачко светло 1 × зелено | 0–5 % |
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го.