Складирање и транспорт
Чување на елементите на уредот (види слика Q)
Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.
- Сите олабавени елементи на уредот ставете ги во нивните држачи на куќиштето (види долунаведена табела).
Елемент на уредот | Чување |
|---|---|
Заштитен поклопец (3) | Држач (10); затегнете со затезниот лост (40) |
Аголен граничник (1) | Држач (33) |
Адаптер за всисување (34) | види слика Q |
Прстенест клуч (22) | види слика Q |
Клуч со внатрешна шестаголна глава (9) | види слика Q |
Подвижна водечка летва (7) | закачување во држачот меѓу паралелниот граничник (26) и дополнителниот паралелен граничник (8) |
Паралелен граничник (26) | свртете; поставете одоздола во шината-водилка (25) преку парот игли (43) и прицврстете го лостот за блокирање (42) |
Носење на електричниот алат (види слика R)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Поставете го електричниот алат во транспортна позиција види Транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. - Притиснете на шината-водилка (25) целосно навнатре и притиснете на затегнувачката рачка (24) за фиксирање надолу.
- За подигање или транспортирање користете ја рачката за носење (66) или жлебовите за држење (67). Не користете ги рачките за позиционирање (11) за оваа намена.
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.