Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика B)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од –2° до 47°.
За брзо и прецизно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((16), (21)).
- Олабавете го лостот за блокада (18) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.
Вертикални агли на закосување меѓу 0° и 45°:
- Повлечете го или притиснете го рачното тркало (17) по должина на кулисата, додека агломерот (56) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).
Вертикални агли на закосување меѓу –2° и 0°:
- Навалете го граничникот (16) кон напред.
- Притиснете го рачното тркало (17) по должина на кулисата, додека агломерот (56) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).
Вертикални агли на закосување меѓу 45° и 47°:
- Навалете го граничникот (21) кон напред.
- Повлечете го рачното тркало (17) по должина на кулисата, додека агломерот (56) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).
Граничниците ((16), (21)) автоматски се вртат назад во стандардната положба штом повторно ќе се постави вертикален агол на закосување меѓу 0° и 45° за сечилото на пилата.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика C)
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 30° (на левата страна) до 30° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (57), доколку е затегнато.
- Свртете го аголниот граничник додека агломерот (58) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (57).