Совети при работењето
- Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
- Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
- По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
За да може неуморно да работите, во зависност од употребата, може да го држите електричниот алат од горната страна, странично или од напред (види слика D).
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето или полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат може да се опреми со соодветните алати за полирање како јагнешко крзно за полирање, филц или сунѓер за полирање (опрема).
При полирањето изберете низок број на вртежи (степен 1–2), за да избегнете прекумерно загревање на површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на помала површина. Средството за полирање нанесете го со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни движења и масивен притисок.
Оставете да се исуши средството за полирање на површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш не ја изложувајте исполираната површина на директни сончеви зраци. Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за полирање со благ детергент и топла вода, не користете средства за разредување.
По завршување на работниот процес исклучете го електричниот алат.