Промена на подлогата за полирање (види слика A)
За вадење на подлогата за полирање (9) подигнете ја странично и извлечете ја од дискот за полирање (3).
Пред да ставите нова подлога за полирање, отстранете ја нечистотијата и правта од дискот за полирање (3), на пр. со четкичка.
Површината на дискот за полирање (3) се состои од лепенка, така што подлогите за полирање со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете ја подлогата за полирање (9) на долната страна на дискот за полирање (3).