Промена на дискот за полирање (види слики B–C)
Напомена: веднаш заменете ги оштетените дискови за полирање (3).
Извлечете ја подлогата за полирање.
Демонтажа: Држете ја површината на клучот (11) на електричниот алат со виљушкаст клуч (10) и свртете го дискот за полирање (3) за да го отстраните (види слика B).
Исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
Монтажа: Држете ја површината на клучот (11) на електричниот алат со виљушкаст клуч (10). Свртете го новиот диск за полирање (3)надесно за да го прицврстите (види слика C).
Напомена: при поставувањето на подлогата за полирање внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во отворите на дискот за полирање.