Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (1) притиснете ја блокадата (2).

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и потоа отпуштете го.

LED-прикази

Следната табела ги објаснува можните LED-прикази (6).

Боја

Состојба

Значење/причина

Решение

Бела

Трајно светло
(1 x ... 5 x)

Претходно избирање на бројот на вртежи

види Одредување на број на вртежи

Зелена

Трајно светло
(2 x ... 5 x)

Батеријата е полна

види Приказ за наполнетост на батеријата

Жолта

Трајно светло
(1 x)

Батеријата е речиси празна види Приказ за наполнетост на батеријата

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепкачко светло
(5 x)

Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија)

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади

Црвена

Трајно светло
(1 x)

Батеријата е празна види Приказ за наполнетост на батеријата

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепкачко светло
(5 x)

Електричниот алат е прегреан и се исклучува

Оставете го електричниот алат да се излади и вклучете го повторно

Електричниот алат е блокиран и се исклучува

Отстранете ја блокадата и повторно вклучете го електричниот алат