Дополнителна рачка

Дополнителната рачка (11) може да ја подесите во 12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.

Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (11) во правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната рачка (11) нанапред, додека не се навали во саканата позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната рачка (11) наназад и свртете го долниот дел на рачката во правец на вртење ➋ и затегнете го (види слика A).

Подесување на длабочината на дупчење (види слика A)

Со граничникот за длабочина (12) може да се утврди длабочината на дупчење X.

Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (10) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка .

Извлечете го граничникот за длабочина (12) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (12) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Избраздениот дел на граничникот за длабочина (12) мора да покажува нагоре.