Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Активирајте го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) само кога електричниот алат е во мирување од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна надолу и истовремено на десната страна нагоре.
Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна нагоре и истовремено на десната страна надолу.
- Со прекинувачот за избор на брзина (9) може да ракувате доколку електричниот уред работи со бавна брзина. Сепак тој не смее да се активира при мирување, целосно оптоварување или максимален број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини (9) може да изберете 2 брзини.
Доколку прекинувачот за менување брзини (9) не може да се навали до крај, свртете го малку погонското вратило со дупчалката.
Брзина | Позиција | Број на вртежи | Област на примена |
|---|---|---|---|
Брзина I: |
| ниско | За работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување. |
Брзина II: |
| Високо | За работење со мал дијаметар на дупчење. |
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (7) притиснете го копчето за фиксирање (6).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и потоа отпуштете го.

За да се ограничат високите реакциски моменти, електричниот алат е опремен со спојка за заштита од преоптоварување (анти-ротација).
- Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
- Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.
(GSB 24-2)

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.
За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/ исклучување и одново притиснете го двапати.
- Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Со вртливото копче за електронско подесување на бројот на вртежи (8) може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за време на работата.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Точниот број на вртежи зависи од позицијата на копчето за електронско подесување на бројот на вртежи (3) во опсег I-III и од тоа колку силно е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (7). Следната табела дава подетални информации за бројот на вртежи.
Позиција на копчето за електронско подесување на бројот на вртежи (3) | Број на вртежи во 1. брзина | Број на вртежи во 2. брзина |
|---|---|---|
I | 270–480 | 900–1600 |
II | 480–690 | 1600–2300 |
III | 690–900 | 2300–3000 |
За наведените вредности се применува толеранција од ±3 %.

За дупчење со подесување на бројот на вртежи поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Дупчење“. Со вртливото копче (3) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.

За завртување со ограничување на вртежниот момент поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Завртување“. Со вртливото копче (3) може бесстепено да го изберете ефективниот вртежен момент на вретеното за дупчење и за време на работата:
I=низок вртежен момент, III=висок вртежен момент.
Максималниот број на вртежи автоматски ќе се прилагоди на поставениот вртежен момент.
Доколку за време на процесот на завртување се постигне претходно избраниот вртежен момент, електричниот алат се исклучува, а алатот за вметнување не се врти повеќе. Доколку потоа електричниот алат се отпушти и прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е сè уште притиснат, алатот за вметнување продолжува да се врти со мал број вртежи од безбедносни причини.
По кратко отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) следната завртка може да се затегне со ист вртежен момент.

За завртување без ограничување на вртежниот момент свртете го вртливото копче (3) на десниот граничник. Оваа поставка е неопходна, доколку вртежниот момент не достига во позиција III .



