Одредување на број на вртежи
(GWS 18V-11 S)
Со вртливото копче за одредување на бројот на вртежи (4) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
| Материјал | Примена | Алат за вметнување | Позиција на копчето за подесување | 
|---|---|---|---|
| Метал | Отстранување на боја | Брусно сечило | 2−3 | 
| Метал | Четкање, вадење 'рѓа | Лончести четки, лист за брусење | 3 | 
| Не'рѓосувачки челик | Брусење | Брусна плоча/влакнест диск | 4−6 | 
| Метал | Грубо брусење | Брусна плоча | 6 | 
| Метал | Сечење | Диск за сечење | 6 | 
| Камен | Сечење | Дијамантски диск за сечење | 6 | 
- Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
| Степен  | GWS 18V-11 S | 
|---|---|
| 1 | 3000 | 
| 2 | 4500 | 
| 3 | 5400 | 
| 4 | 6200 | 
| 5 | 7000 | 
| 6 | 9000 | 
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.