Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.
Ознаки и нивно значење | |
|---|---|
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. |
| Всисувач од класата на прав M според IEC/EN 60335‑2‑69 за всисување на суви материи за честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³ |
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје. |
| |
| За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при складирање на опремата на всисувачот и/или електричниот алат, може да прикачите L‑BOXX на горниот дел од всисувачот. |
| Не всисувајте со прикачен L‑BOXX. Тежиштето на всисувачот се поместува нагоре. Всисувачот може да се преврти. Постои опасност од повреда и оштетување. |
| Прикачување на максимум една L‑BOXX. Тежината на L‑BOXX заедно со содржината не смее да изнесува над 15 kg. |
| Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои опасност од повреда и оштетување. |
| Не го користете всисувачот како предмет за седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувачот може да се преврти и оштети. Постои опасност од повреда. |
| |
| Старт/Стоп-автоматика |
| Исклучување |
| Всисување |
| |
15 | Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 15 mm |
22 | Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 22 mm |
35 | Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 35 mm |
| |
Min/Max | Бесстепена контрола на јачината на всисување:
|
| Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат (во зависност од земјата) |
| |
AFC | Автоматско чистење на филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) |
















