Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Добро чувајте ги овие упатства.

Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ќе ги добиете потребните упатства.

Користете го полначот само во затворени простории и држете го подалеку од влага. Навлегувањето на вода во полнач го зголемува ризикот од електричен удар.