Дефект – причини и помош
Во случај на дефект, мерниот уред се ресетира и потоа може повторно да се користи. Во спротивно, прегледот подолу ќе Ви помогне при постојани пораки за грешки.
Грешка | Причина | Помош |
|---|---|---|
Мерниот уред не може да се вклучи. | Аумулаторската батерија одн. батериите се празни | Наполнете ја акумулаторска батерија одн. заменете ги батериите. |
| Акумулаторот е премногу топол одн. ладен | Оставете го акумулаторот да се темперира одн. заменете го. |
| Мерниот уред е премногу топол одн. ладен | Оставете го мерниот уред да се темперира. |
| Меморијата со слики е полна | По потреба, префрлете ги сликите на друг медиум за зачувување на податоци (на пр. компјутер). Потоа избришете ги сликите во внатрешната меморија. |
Меморијата на слики е дефектна | Форматирајте ја внатрешната меморија, така што ќе ги избришете сите слики. Доколку проблемот и понатаму постои, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. | |
| Мерниот уред е дефектен | Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. |
Мерниот уред не може да се поврзе со компјутер. | Мерниот уред не е препознаен од компјутерот. | Проверете дали е ажурирана погонската единица на Вашиот компјутер. Можно е да е потребна нова верзија на оперативен систем на компјутерот. |
USB-приклучокот или USB-кабелот се дефектни | Проверете дали мерниот уред може да се поврзе со друг компјутер. Доколку не може, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. |



