Монтирање на заштитен уред
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Ставете го заштитниот капак (6) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отклучување (1).
Притиснете го заштитниот капак (6) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на електричниот алат и вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (6) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (6) во саканата позиција.
- Секогаш поставувајте го заштитниот капак (6) така што двата запци на лостот за отклучување (1) во соодветните отвори на заштитниот капак (6) ќе влезат.
- Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
- Заштитниот капак (6) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (6) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.